На што се подготвени луѓето за да ослабат пронајде Студија во Велика Британија. Истражувањето е објавено токму во јануари – месецот во кој луѓето се борат со прекумерна тежина стекната покрај новогодишните празници.
Голем дел од учесниците во анкетата се изјаснија за “поразени” и не планираат да се борат со акумулираната тежина, но има и такви кои се подготвени на многу, за да ги достигнат посакуваните килограми, пишува Daily Express.
Според истражувањето, милион жители на Велика Британија целосно се откажале од идејата да слабеат и претпочитаат да се оддадат на искушенијата од чоколадо, бисквити и колачи.
Затоа пак еден на 20 учесници од истражувањето одговорил дека е подготвен да ги прекине односите дури и со сопствената мајка, за да ослабе.
Десет отсто од ентузијастите да ослабат би се откажале од сексот, а три отсто – од алкохолот.
Други пак би се лишиле од голема сума на пари и се подготвени да дадат стотици фунти, ако можат да се ослободат од килограмите и да се здобијат со саканата фигура “во моментот”.
Истражувањето е нарачано од производители на диететски десерти.