Околу две недели им беа потребни на уредниците на Facebook за да се урне од Интернет скандалозниот видео клип со самоубиството на 12-годишната Кејтлин Никол Дејвис. Со искористување на  услугата “Live.me”, девојката ја покажа својата смрт во живо на 30 декември минатата година, а видеото остана во мрежата цели 15 дена потоа, потсетуваат од “The Next Web”.

Во тоа време властите беа немоќни да го запрат ширењето и илјадници луѓе од целиот свет го видоа трагичниот инцидент од популарната онлајн платформи како Facebook и Youtube. Кејтлин Никол Дејвис јавно се обеси , бидејќи сексуално  била злоупотребувана  од свој роднина.