Ума Турман и поранешниот вереник Арпад Бјусон водат жестока битка во судот во Њујорк, поврзана со старателството на 4-годишна ќерка Луна.

Пред неколку дена францускиот бизнисмен ја обвини холивудската актерка дека има ментална болест и дека меша апчиња за смирување со алкохол. Покрај тоа, тој вели дека Турман го запишала детето во очајно училиште со лоши услови, а тој би можел да му обезбеди многу елитно училиште во Европа.
Вчера, пак, тој изјави пред Врховниот суд во Менхетен дека Ума му го блокирала пристапот до неговата ќерка и постојано е спречен да го гледа детето.
Бјусон тврди дека направил бројни обиди да се грижи за девојчето од раѓањето до сега, но мајка и не му дозволува да се меша во нејзиниот живот, односно секој пат ги отфрла предлозите за посети.

53-годишниот милионер кој има два сина на 18 и на 13 години од врската со австралискиот модел Ел Макферсон, тврди дека 46-годишната Ума не и дава на Луна да земе и француски пасош, за да може слободно да патува до Стариот континент.
Финансиерот го живее својот живот меѓу своите домови во Лондон и на Бахамите. Тој не може да престојува во САД повеќе од 120 дена поради затајување на данок во минатото.