
„Пропадна најголемиот, најочајниот и најнискиот обид за судски монтиран процес во независна Република Македонија, инициран од поранешниот премиер Никола Груевски“. Вака СДСМ реагираа на потегот на Специјалното јавно обвинителство, кое утрово го повлече обвинението во случајот „Пуч“, во кој првообвинет беше Зоран Заев, со објаснување дека, е целосно спротивно на доказите со кои располагаат, информира Телма.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на Катица Јанева е срамна и има за цел да го спаси нејзиниот штитеник, Зоран Заев, како и дека, по ова, повеќе не постои правна основа за постоење на ова обвинителство.
За дел од експертите, потегот на СЈO е очекуван.
Поранешниот судија во судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, вели дека, со овој потег, СЈО ја покажува својата професионалност.
Адвокатот Оливер Вуксановиќ, при своето гостување во Топ тема на Телма, го предвиде ваквиот исход.
Целиот текст може да се прочита тука