
2016-та е регистрирана најтоплата година на планетата по ново покачување на температурата, односно трета година по ред, објавијаа светски агенции. Научниците се категорични дека човековата активност е главната причина за климатските промени.
За прв пат од 1880 година, кога почнуваат да се прават слични студии, е регистрирано најголемо затоплување на земјата, забележуваат три агенции. Податоците се изнесени од НАСА, Националната агенција на океанските и атмосферски истражувања (NOAA) и Метеоролошката служба на Велика Британија.
Научниците предупредуваат дека треба да очекуваме уште поголемо покачување на температурата на планетата во следните години. Од почетокот на XXI пет пати беше регистрирано глобално зголемување на температурата за година – 2005, 2010, 2014, 2015 и 2016 година Според NOAA температурата на земјата и на површината на океанот е со 0,94 степени Целзиусови над просечните нивоа во XX век и со 0,04 степени Целзиусови повисока во споредба со 2015 година.
Агенцијата наведува дека секој од првите 8 месеци од минатата година биле со рекордни температури. Со употребата на независни методи НАСА утврдила дека просечната температура во светот во 2016 година е 0,99 степени Целзиусови повисока во споредба со средината на XX век (НАСА и NOAA користат различна методологија и истражувале на различен основен период). Рекордно високи температури се регистрирани и на Далечниот Исток, Аљаска, Западна Канада, делови од Источен САД, Централна Америка, северниот дел на Јужна Америка, делови од Австралија, Сибир и Јужна Азија.
Пријавени се температурни рекорди како 42,7 степени Целзиусови во Преторија, Јужна Африка, во јануари, 44,6 степени во Тајланд на 28 април, 51 степени во Индија во мај и 54 степени во Кувајт во јули. Научниците и светски лидери се загрижени од долгорочната тенденција кон покачување на температурата на планетата.