Денис Фонг е првиот професионален играч во играње на игри. Овој млад играч од Соединетите Американски Држави ја започнал својата кариера со играње на играта Quake.
Првиот турнир кој го победил бил Annihilation Quake Tournament во далечна 1993. Моментално е пензиониран и го следи трендот на играње видео игри како значително расте година по година.
Е-спорт културата не е далеку и од Македонија. Македонија како држава оваа минатата година испрати неколку млади играчи да играат на турнир во Индонезија.
Како што поминуваат годините наградите на овие турнири се’ повеќе се зголемуваат. И играчите на овие игри добиваат огромни пари за да седат во куќи и да играат игри. Само за колкави пари се говори можеме да го земеме примерот за Сахил Арора професионален играч кој заработил повеќе од 2 милиони долари.
Но професионалните играчи исто така заработуваат и на веб страни каде што се снимаат додека играат и константно луѓе им донираат пари. Еден 23 годишен гејмер заработува по 8000 долари месечно само што се снима дома како игра. Но ова е сериозна работа и не е секој успешен.
Но вистинското прашање е до кога ќе се зголемува трендот на играње игри и дали играњето на компјутер ќе биде заменето со виртуелната реалност?
Беркан Асановски