Горилаз се враќаат со парче против Трамп

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Виртуелниот рок бенд Gorillaz се враќаат на музичката сцена со парче против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Бандата која е проект на музичарот Дејмон Албарн од Blur, не објавила музика од шест години.

Песната со наслов “Hallelujah Money”, обединува во себе трип-хоп ритам и електронски ефекти, а вокалите се на пејачот Бенџамин Клементин.

“Кога ќе си легнеш / БЕГААТ од далечниот исток доаѓаат да ги јадат неговите плодови / и мислам дека најдобар начин да се подобри нашето дрво / е како изградиме ѕид околу него”, се пее во песната.

Во видеото за песната Клементин влегува во златен лифт кој личи на оној во “Трамп Тауер”, а зад него се дизајнирани слики, кои вклучувааат марш на Кју Клукс Клан и африкански танчери.

Во порака на Фејсбук Gorillaz дадоа знак дека подготвуваат и нов албум, кој ќе биде прв од 2011 година, кога излезе “The Fall”.