Германскиот канцелар Ангела Меркел била главната цел на кампањите со лажни вести во Европа, вклучувајќи на лагата дека била соучесник во терористичките напади во Париз и Брисел. Ова го соопшти денеска извор, запознаен со работата на посебна работна група на ЕУ, пренесоа светските агенции.
Експертите се запознале со лажни пораки во кои се тврди дека Меркел ги познавала исламистите, кои извршиле терористички напади во Париз и Брисел и позирала селфи со нив. Генерално експертите пронашле 2500 примерот на дезинформации на 18 јазици.
Тие истакнуваат дека сепак тоа е само врв на ледениот брег.