Телефоните ги полниме погрешно

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Од кога се појавија паметните телефони, почнавме да се шетаме насекаде со полнач. Се измислија и подвижни батерии кои го полнат телефонот за неколку часа. Но експертите велат дека ние не знаеме да ги чуваме батериите на телефоните. Дека незнаејќи ги оштетуваме батериите.

Но како да го подробриме векот на траење на нашите батерии? Постојат неколку трикови кои треба да ги применуваме за да издржуваат нашите батерии.

Многумина веруваат дека со често и краткотрајно полнење на батеријата ќе резултира со оштетување на истата, а и дека полнењето се препорачува кога батеријата е на 1 посто. Но тоа не е точно. Од компанијата “Cadex” која се бави со производство на батерии тврдат дека нашите батерии се чувствителни на стресот на кои ги изложуваме секојдневно и со тоа се намалува работниот век на батеријата.

За да функционираат нормално би требало да се придржуваме до советите од споменатата компанија:

Првиот совет е да не се остава телефонот да се полни преку ноќ. Односно да се вади полначот на телефонот кога ќе се наполни бидејќи штетно е за батеријата да остане да се полни кога веќе телефонот е на 100 проценти.

Вториот совет е батеријата да не се полни целосно до крај. Односно подобро е неколку пати во денот да се полни телефонот отколку да го полните еднаш и тоа до крај. Тоа е бидејќи високата волтажа и штети на батеријата.

Третиот совет е да се полни телефонот веднаш чим изгуби 10 проценти од енергијата. Ова е добар совет за да имате батерија која ќе ве служи на долгорочен план.

Четвртиот совет е батеријата да не ја прегревате. Ако забележите дека телефонот се прегреал додека е на полнач извадете ја маската. Исто така немојте да дозволите телефнот долго да стои на сонце, тоа и штети на батеријата.

Беркан Асановски