Хрватска го комплетираше списокот со полуфиналисти на ракометниот Мундијал

од Vladimir Zorba
63 прегледи

 

 Во последниот четвртфинален натпревар од Светското првенство во ракомет одигран во Монпеље, репрезентацијата на Хрватска ја совлада Шпанија со 30:29. Натпреварот беше решен по драматичен финиш, иако Хрватите во два наврата имаа и пет голови предност.

Нешто порано заврши средбата меѓу Катар и Словенија на која триумфираа Словенците со 32:30. Селекцијата предводена од поранешниот македонски селектор Веселин Вујовиќ, ја имаше контролата на резултатот во текот на сите 60 минути, на средината на второто полувреме стигна и до највисоки девет голови предност и на крајот заслужено е во полуфиналето.

Претходно во текот на денот за полуфинале се изборија Норвешка по триумфот над Унгарија со 31:28 и домаќинот на Мундијалот Франција по победата над Шведска со 33:30.

Првото полуфинале ќе се одигра утревечер меѓу Франција и – Словенија, а во петок ќе играат Хрватска – Норвешка. Почетокот на двете средби е во 20:45 часот./МИА