(ГАЛЕРИЈА) Во новиот дом на семејството Обама

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Барак и Мишел Обама официјално ја напуштија Белата куќа по церемонијата на инаугурацијата на 45-тиот претседател на САД Доналд Трамп. Новата резиденција се наоѓа во луксузниот кварт на Вашингтон , Колумбија – Калорама .
Античката палата зазема површина од околу 760 квадратни метри. Во неа семејството и нивните две ќерки ќе располагаат со 9 спални соби и 9 бањи. Куќата е изградена во 1928 година и до денес се проценува на 5 милиони и 300 илјади американски долари. Последниот сопственик на имотот е поранешниот прв секретар на Белата куќа Џо Локхарт.

Семејството Обама се одлучило да останe во Вашингтон, додека нивната ќерка Саша заврши гимназија во 2018 година, според New York Times.

Куќата е голема целосно изѕидана зграда. Располага со пријатни дрвени подови, тераси и убави градини. Мебелот е целосно во бели и сиви тонови, што создава чувство на чистота.

Сите слики на новиот дом на семејството Обама видете го во галеријата.