Европската комисија препорача да продолжат со 3 месеци привремените гранични проверки по некои внатрешни шенгенски граници во Австрија, Германија…
Европската комисија му препорача на Советот да им дозволи на земјите членки да ги продолжат привремените гранични контроли кои се вршат во моментот на некои внатрешни шенгенски граници во Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка, за период од уште три месеци, соопшти ЕК. Иако постепеното стабилизирање на ситуацијата и спроведување на серија мерки предложени од Комисијата, за подобро управување на надворешните граници и за заштита на Шенген простор, Комисијата смета дека условите на Патоказот “Враќање кон Шенген систем”, и продолжување на нормалното функционирање на Шенген зоната, се уште не се целосно исполнети. Првиот заменик-претседател на Комисијата Франс Тимерманс изјави: “Беше постигнат значителен напредок за укинување на проверките на внатрешните граници, но треба да го потврдиме овој напредок дополнително. Затоа препорачуваме да се овозможи на засегнатите земји членки да продолжат со привремените гранични проверки за период од уште три месеци. ” Во последниве месеци беше постигнат е значителен напредок во однос на зголемувањето на безбедноста и подобро управување на надворешните граници и намалувањето на илегалната миграција: Со новата европска гранична и крајбрежна стража, која дејствува од 6 октомври 2016 година, се обезбедуваат потребните средства, за да се обезбеди подобра заштита на надворешните граници на ЕУ и соодветна реакција на евентуални нови настани. Со создавањето на системот на жешките точки регистрирање и земање отпечатоци на мигрантите кои пристигнуваат во Грција и во Италија, достигна речиси 100%. Претстојните систематски проверки во соодветните бази на податоци за сите лица кои минуваат надворешната граница, како што беше предложено од Комисијата дополнително ќе придонесе за зајакнување на надворешните граници.
Покрај тоа резултатот од изјавата меѓу ЕУ и Турција беше значителното намалување на бројот на илегалните мигранти и на барателите на азил кои пристигнуваат во ЕУ. Сеуште во Грција се наоѓаат значителен број илегални мигранти и азиланти лица, и ситуацијата и понатаму е нестабилна по маршрутата во Западен Балкан, што доведува до потенцијален ризик од секундарни движења. Покрај тоа, и покрај значителните подобрувања во управувањето со надворешните граници, некои активности наведени во Патоказот “Враќање кон Шенген систем”, бараат повеќе време за да бидат исполнети во целост оќекувањата и да доведат до добри резултати.
Од февруари 2017 година натаму операциите на Европската гранична и крајбрежна стража ќе и помагаат на Грција на северната грчка надворешна граница. Постојаното постигнување на резултати во рамките на изјавата меѓу ЕУ и Турција треба да продолжи, а до средината на март во Грција треба да биде постепено обновени целосната примена на правилата од Даблин. Иако значителниот напредок тековната работа и ситуацијата на терен покажуваат дека овие вонредни околности се сеуште присутни. Затоа Комисијата го смета за оправдано да се овозможи на превентивна основа на засегнатите земји-членки, и само откако биле разгледани алтернативни мерки, да продолжат да спроведуваат за дополнителен период од три месеци како вонредна мерка за сегашните ограничени проверки на внатрешните граници при строги услови. Особено овие контроли треба да бидат соодветни и ограничени до строга неопходност во однос на опсегот, фреквенцијата, местото и времето.