Американскиот војник Хозе Медина кој танцуваше со првата дама на САД на Свечениот бал на американската воена служба, и откри за што разговарале двајцата. 29-годишниот Хозе Медина од Порторико, кој служел во армијата во Ирак и Авганистан, ја добил можноста да танцува со Мелани Трамп како “чест”.
“Беше неверојатно. Голема привилегија е да се танцува со првата дама”, рече Медина за Inside Edition.
Тој кажа дека 46-годишната поранешна манекенка му честитала дека токму тој е избран за танцот.
“Ми честиташе, а јас и реков дека е убава и дека има прекрасно семејство. На тоа таа се насмеа. Се обиде да ме запознае, а зад сцената и поразговара малку повеќе со мене”, открива тој. Додека танцуваат, Медина ја прашал дали може да ја заврти, а таа со насмевка на лицето му одговорила потврдно.
“Јас го направив тоа и сите беа воодушевени”, рекол Медина.

Открива дека Мелани била малку нервозна кога излегувала на подиумот, но по некое време се опуштила.
“Мислам дека не е подготвена за сето тоа внимание”, вели тој.