Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Велика Британија и Америка можат повторно да го предводат светот. Таа го рече пред да отпатува за САД. Меј оптимистички изјави дека во новата ера, која сега почнува, таа сака да ги обнови “специјалните односи” меѓу двете земји.И тоа го почна со несекојдневни подароци

Британската премиерка се сретна со претседателот Доналд Трамп во Филаделфија,и му подари на Доналд Трамп изрезбана шкотска чаша, а на неговата сопруга Мелани – слатко од сливи, јаболков сок и бисквити со боровинки. Таа очекува Гравираната чаша со две рачки да го да зарадува Трамп, чија мајка е шотландка, а и тој истакнува дека се гордее со шкотските корени. Обично во таква чаша се пие тврд алкохол, но Трамп е воздржан за тоа . Првата дама доби како подарок кошница . Во неа ќе има сок, слатко, џем од Чекрс, традиционални колачи и бисквити со боровинки и бело чоколадо. Меј беше примена од Трамп во Белата куќа во петокот.