Жителите на Пекинг повторно се разбудија со  густ, задушлив смог, кој надвисна над градот како резултат на илјадниците огномети испукани  од нив во текот на ноќта во чест на лунарната нова година според  кинескиот календар. Многу Кинези повторно си правеле  огномет  и покрај наметнатите ограничувања и јавни предупредувања против слични начини на празнување впоради  високо загадената кинеска престолнина, пренесоа агенциите.

Еколошките власти соопштија дека концентрацијата на штетни честички во воздухот достигнала второ по вредност ниво утринава за последните пет години. Во 2014 година градската управа на Пекинг му објавила “војна на загадувањето” со цел да се подобри решително статусот на еколошката средина во градот. Програмата предвидува  и строги мерки против загадувачите и прекршителите. Најголем “придонес” за загадувањето имаат согорувањето на јаглен од индустријата и греењето , што дополнително ја влошува еколошката средина најчесто во зимските месеци.

Утрово по улиците на главниот град илјадници  луѓе кои  ја пречекале бурната  свечена ноќ  на годината на огнениот петел повторно носат маски на лицата, за да се заштитат барем малку од штетните честички во воздухот. Тие се упатуваат кон големите пекингшки храмови и паркови, каде славењето ќе продолжат. Слично е ситуацијата и во реоните околу главниот град и во соседниот голем кинески пристанишен град Тиенцзин. Надежта е дека  се очекуваат  над градот  да минат два студени фронта во наредните денови што ќе  оддуваат  барем малку смогот.