Серена Вилијамс ја победи Венус за 23-та титула од гренд слем

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Серена не даде шанси на сестра и Венус и ја победи во два сета.

Американката Серена Вилијамс го запиша своето име со златни букви во историјата на тенисот, откако ја победи сестра и  Венус во финалето на Аустрелијан Опен со 6-4, 6-4 и ја освои 23-та титула во сингл од гренд слем.

На овој начин Серена  ја надмина Штефи Граф, со која до овој момент делбата на првото место за најмногу титули  и како дополнување се врати на врвот на светската листа и стана рекордерка кај мажите и жените со  најмногу трофеи од Мелбурн , вкупно 7 . 36-годишната Венус и година помалата Серена за првпат се сретнаа еден против друг во финалето на турнирот од гренд слем во 2001, а сега го направија тоа  повторно 16 години подоцна во “најстарото” финале во историјата на женскиот тенис.