Морнарицата на Велика Британија за прв пат од времето на Студената војна ипраќа во Црното Море борбен брод, пишува Sunday Mail. Како што забележува весникот, миноловецот HMS Diamond, вооружен со ракети кои се насочи кон бреговите на Украина.

На бродот ќе има околу 60 маринци. Британските медиуми тврдат дека бродот ќе учествува во мисија на обезбедувањето на 650 британски војници кои учествуваат во “тајни вежби” во Украина.
“Велика Британија испраќа јасен сигнал дека ние стоиме зад идејата за заштита на демократијата во целиот свет и поддршка на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина”, вели за Sunday Mail министерот за одбрана Мајкл Фалон.
Во декември началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов изјави дека нагло се зголемила активноста на воено-поморските сили на НАТО во Баренцово, Балтичкото и Црното Море. Според неговите зборови во Европа во линијата на контактот Русија – НАТО, Алијансата ги зголемува воените контингенти, акумулира вооружување и расплетува воена инфраструктура. Тој најави дека овие акции носат деструктивен и провокативен карактер, потсетува РИА Новости.