Продолжува блокадата на грчките земјоделци на преминот Евзони, сообраќајот во прекин

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 

Сообраќајот на граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај во двата правца и за патнички и за моторни возила поради поставена блокага од трактори од страна на грчките земјоделци.

Граничниот премин е блокиран од грчките земјоделци од понеделникот во 16 часот и 30 минути. Нема информација до кога ќе трае штрајкот на земјоделците. За патниците кон и од Грција алтернативен и отворен е преминот на Дојран.