Со доаѓањето на новиот месец доаѓа време повторно да се погледне во календарот, за да имаме предвид кои ќе се детоксикациските денови базирани на фазите на Месечината. Специјалисти сметаат дека Месечината влијае на течностите во нашите тела, како на водата во водните басени, плимата и осеката.
Затоа следејќи ги нејзините фази и запазувајќи 24-часовен детокс режим заснован само на внес на течности, ние може да изгубиме до 3 килограми од телесната тежина во форма на вишокот течности.
Исто така месечевата диета ја помага детоксикацијата на телото, а како што знаете е добро еднаш неделно да правиме детоксикациски денови. Оваа диета може да ви послужи како почеток на еден подолг период во кој ќе се храните здраво, да спортувате.
Што може да конзумирате во текот на месечевата диета? Приготвувајте си свежи овошни и зеленчукови сокови. Може да си правите зеленчукови бистри чорби, билни чаеви, засладени со мед.
Сето ова се разбира не ja намалува препорачаната дневна доза на вода. Избегнувајте ја солта, но може да додадете свежи билки и црн пипер. Некои луѓе велат дека за време на диетата чувствуваат наплив на енергија. Ако почуствувате слабост, каснете банана, лажица мед. Во случај да не се чувствувате подобро – прекинете го режимот.
Снимете ги фазите на Месечината.
4.02.2017 – 06:47 часот – прва четвртина
11.02.2017 – 02:58 часот – полна месечина
18.02.2017 – 21:13 часот – последна четвртина
26.02.2017 – 17:15 часот – млада месечина