Руските државни железници планираат да купат удели во српската компанија и во Грција.

Рускиот национален оператор за патнички и товарен железнички превоз ОАО “РЖД” ги објави плановите за развој на дејноста на Балканскиот Полуостров, соопшти денеска”Коммерсант”.
Во првото полугодие на 2017 година РЖД планира да купи удел во српската компанија задолжена за одржување на железничката инфраструктурата.
Паралелно подружница на рускиот монопол има намера да создаде заеднички потфат за железничкиот транспорт во Грција, објави заменик-претседателот на компанијата Александар Мишарин.
Тој прецизира дека руската страна веќе поднела предлог до грчкото Министерство за транспорт.
Мишарин одби да ја именува вредноста на трансакцијата во Србија. Стана јасно дека уделот во српската компанија ќе биде купен од подружницата “РЖД Интернационал”.