![]()
Претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето по консултациите со политичките партии кажа дека мандатот за состав на нова влада ќе го даде на тој што ќе го извести дека има мнозинство од 61 глас, информира а1он.
-Членот 90 од Уставот е јасен, претседателот е должен во рок од 10 дена мандатот да го довери на кандидат на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието. Намерата на уставотворецот кој не ги одредил во детали понатамошните ситуации 0начи му дава слобода на претседателот, рече Иванов.
Сепак, Иванов смета дека и со оваа уставна одредба дека не го повредил уставот кога мандатот му го довери на Никла Груевски кој немаше мнозинствово Собранието.
-По извршените консултации мандатот му до доверив на Никола Груевски. Решив да направам консултации со надлежните институции, целта беше да ги слушнам размислувањата и ставовите на моите соговорници, за излез од оваа уставна и институционална криза.
Мандат за состав на нова влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести дека добила 61 пратеник во Собранието, рече Иванов кој не сакаше да одговара на новинрски прашања.