Во Словенија организираат тури до родниот град на Меланија Трамп

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Специјални туристички тури, кои го вклучуваат родното место на новата прва дама на САД Меланиja Трамп, се организираат во Словенија.

Меланиja Кнаус е родена во градот Ново место, но е израснaта во Севнице, во југоисточниот дел на земјата.

Екскурзијата прави обиколка на местата каде Меланија живеела и работела пред да замине за САД, соопшти градоначалникот на Севнице Среќко Оцвирк. Градоначалникот наведува дека има зголемен интерес како кон местата поврзани со животот на Меланија, така и со оној на обичните Словенци.

Најбарани се екскурзиите  “Севнице – првата дама” и “По стапките на Меланија” организирани од локалната туристичка агенција “Мураница” (Muranica). Турнејата вклучува и посета на локалниот замок и продавница за сувенири поврзани со Меланија Трамп. Достапна е исто дегустација на национални јадења. Екскурзијата е еднодневна и чини 35 евра.