Сексапилната Колумбијка Шакира објави предизвик во социјалните мрежи – кој ќе успее да ја импресионира со танцувачките вештини, ќе може да оди на фудбалски натпревар со неа во Барселона.
Ентузијастите ќе можат да се натпреваруваат за средба со убавицата да се обидат да ги копираат движењата од видеото “Chantaje” и да ги прикачат на “Фејсбук” снимените искуства со хаштаг #ChantajeChallengeContest.
На крајот на натпреварот таа ќе го избере најдобро претставениот учесник и ќе посети со него или неа фудбалски натпревар.