Еди Рама ги отфрли гласините дека влијаел врз партиите на Албанците во Македонија

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама, побара од македонските политичари да ја променат политичката култура кон Албанците во Македонија. Рама изјави дека стратешкиот интерес на официјална Тирана е неподелена Македонија каде Албанците ќе бидат еднакви со Македонците. Тој ги отфрли сите гласини дека влијаел врз партиите на Албанците за тие да му оневозможат на Груевски да стане премиер. Албанскиот премиер вели дека потребата од заедничка албанска платформа се родила како резултат на нецелосното спроведување на Охридскиот договор.

edi-rama-dettaglio-jpg-filename_-utf-8edi-rama-dettaglio

„Би сакал кај македонската страна да видам објективитет и реализам. Албанците повеќе не може да се влечат во Владата и зад кочијата на Владата за неколку позиции и возила. Албанците заслужуваат да бидат почитувани исто како и Македонците. Нема партиски врски и тука е националното и стратешкото прашање на Македонија, да биде една и неделива. Ако постојат прашања кои бараат уставни промени, тие се визија на Албанците во една платформа кои се поврзани со Охридскиот договор и некраткорочните цели“, изјави албанскиот премиер, Еди Рама.

извор: Алсат