
ДУИ ќе му се потпише на Заев за да добие мандат за составување влада тогаш кога со СДСМ целосно ќе договорат влада.
Ова го изјави Бујар Османи вечерва, што покажува дека целата процедура може да трае до недоглед бидејќи во моментов нема рок до кога треба да се донесат потписи за мандат, а ако има мандат тогаш рокот е само 20 дена.