ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сеуште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла, намалена видливост има на следниве места: Струмица 100 – 200 метри, Велес до 50 м, Неготино до 100 м, Демир Капија до 200 метри, Удово до 100 метри, Гевгелија до 50 метри, Скопје – Катланово и Скопска обиколница 10 – 15 метри.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ОГРАНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:
До понеделник наутро по котлините ќе има појава на магла и намалена видливост поради која понекаде дневните температури ќе останат пониски и тоа само до неколку степени над нулата. На повисоките места ќе биде по малку ветровито, но со покачени дневни температури.
Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе почне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.
За време на викендот на југоисток и понекаде и на повисоките места температурата ќе надминува 10 степени. Овие релативно високи дневни температури ќе се задржат до понеделник и ова ќе е период на позначајно топење на снегот, а со тоа и нивото на водостојот во реките и езерата се очекува да се зголеми.