Внимавајте се покачува водостојот на реките и водотеците

од Vladimir Zorba
76 прегледи

УХМР предупредува на внимателно движење Како последица на топењето на снегот се очекува покачувањето на водостојот на сите водотеци..

Најголемо покачување на водосотојот има на реките Радика, Треска, Сатеска. На реката Радика покаувањето е 42 см, на Треска кај Македонски Брод 35 см, а на Сатеска водостојот е повисок за 29 см од вчерашниот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

И на останатите реки се бележат благи до умерени покачувања.

Како последица на топењето на снегот се очекува покачувањето на водостојот на сите водотеци во земјата да продолжи. Поради позитивните температури на воздухот проследени со врнежи од дожд и топење на снег УХМР предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, особено во западниот дел од државата.