Сместена низ северните краеви и позната со фантастичниот северно сјај , Лапонија е катче од кое запира здивот! Го прави човек да гледа со ококорени очи, прашувајќи се како е можно Северот да собере толку многу убавина во себе.

Ја познаваме Лапонија од легендите за Дедо Мраз. Таму е нејзиниот дом. Таму тој цела година ги твори подароците за децата со помош на своите џуџиња.
Лапонија е географска област во Финска. Нејзината убавина ја снима јапонскиот фотограф од Токио Јичи Јоко . Тој помина цели 3 месеци во оваа оддалечена област, да ги запачеати неверојатните снимки со камера. Јичи се потопува во атмосферата на Лапланд, живеејќи како нејзин жител.
Во неговите слики се забележуваат не само природните феномени на регионот, но и извадоци од секојдневниот живот на луѓето, животните и природата на Лапонија. Длабоки снегови, толку бели, што дури се и сини, северен блесок над падините, ридови и шумата, оџаци и животни со слана по муцка. Тоа е Лапонија- чиста, различна и ледена убавина.
Таму можете да уживате во прошетки со санки, влечени од кучиња, да гледате диви ирваси и да пиете топол чај крај каминот или огништето среде снегот.
Целата оваа северна идила видете ја во галеријата тука.