„Ролинг Стоунс“ преговараат за концерт во мај во Сараево

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Општината на Сараево преговара за концерт на британската рок група “Ролинг Стоунс”, соопшти босанскиот портал “Кликс”. Концертот ќе се одржи во мај на стадионот “Кошево”. Идејата е на самиот Миг Џегер.

Притоа Сараево побарал за половина пониска цена за концертот во босанската престолнина во споредба со последниот концерт на групата во хрватскиот главен град Загреб.

Досега групата гостувала двапати во Загреб во 1976 и 1998 година и еднаш во Белград во 2007 година.