(ВИДЕО) Дамите од Бихаќка и Мала Речица во поход: Ќе им скрчкаат ли влада на Ахмети и Заев?

од desk2
81 прегледи
Конструктивни разговори за реформска Влада – формални изјави по двочасовната средба – на преговарачите на Зоарн Заев и Али Ахмети. Од една страна потпретседателката тројка која беше најгласна против коалциија со Никола Груевски во Мала Рeчица, Меџити, Арифи и Бејта, од друга, најблиските луѓе на првиот социјалемократ – заменичката Шеќеринска, генеарлниот секретар Спасовски и членот на ИО Рената Дескоска, информира Телевизија 24.
И едните и другите категорични Македонија мора да излезе надвор политичката криза. За СДСМ приоритет е решение за излез од Уставниот лавиринт во кој велат земјата ја турна шефот на државата. Порачуваат дека далеку се од суштински преговори за Влада, но тврдат имаат точки кои што ги поврзуваат – евроинтеграциите и поддршката за СЈО.
„Се занимававме со многу принципиелни нешта, како оваа држава треба да се справи и со одлуката на Иванов, кој не го почитува Уставот. Далеку сме од конкретни дискусии за некои политички прашања, особено далеку од поделбата на ресори. Поважно прашање е како да излеземе од кризата“ – изјави Радмила Шеќеринска од СДСМ.
Шеќеринска одбегна да одговори конкретно околу прашањето за албанскиот јазик и законот на кој што иснсиситиратта сите партии на албанциѕре. Арифи пак не ја спомна албанската платформа со сеалбански барања. Не сакаше да одговара на новинарски прашаења, ниту пак да каже конкретно какви гаранци бара Ахмети за неговите 10 пратеника да се потпишат за мандатот на Заев.
Целиот текст можете да го прочитате тука