(ВИДЕО) Загадувањето ги преминува максималните граници, политичарите да не го користат за меѓусебна пресметка

од desk2
87 прегледи

Граѓаните на Скопје повеќе од 10 дена дишат воздух кој е екстремно загаден. Загадувањето ги преминува максималните граници препорачани од Светската здравствена организација за повеќе од 10 пати што претставува сериозна закана за здравјето на сите, без разлика на возраста и здравствената состојба. Пикот на смртни случаи предизвикани од болести асоцирани со дишење загаден воздух се поклопуваат со пм 2.5 честичките во Скопје, велат од невладината Екосвест – информира а1он.

Тие го поздравуваат потегот на град Скопје за воведување бесплатен јавен превоз, но посочуваат доколку целосно не се забрани движењето со автомобили во централното градско подрачје ваквата мерка сама по себе нема да постигне никакви резултати во насока на намалување на аерозагадувањето.

Од Екосвест итно бараат преземање на дополнителни активности и мерки за намалување на загадувањето кои ќе бидат насочени кон сите граѓани, приватниот и јавниот сектор подеднакво.

Извршниот директор на невладината Екосвест, Ана Чоловиќ Лешоска ја обвини Владата на РМ и сите владини институции за пасивноста и непреземање на одговорност за човековото здравје.

– Непреземањето на одговорноста за човековото здравје од страна на Владата на Република Македонија е нешто што е недопустиво. Сметаме дека да дозволиме да имаме енормни вредности од 1200 микрограми на метар кубен е апсолутно недозволиво и сметаме дека крајно време е владините институции да превземат мерки за спречување на загадувањето и стратегија која долгорочно ќе го реши загадувањето. Три години се случува истата ситуација, три години Владата не превзема мерки, три години добиваат предлог мерки од граѓани, и од граѓански иницијативи и тие мерки буквално се губат во просторот. Ова е апсолутно недопустиво, рече Чоловиќ Лешоска.

Целиот текст можете да го прочитате тука