Вы говорите по-русски?
Стариот Крал и неговите два сина

Еден стар крал на посмртна постела, ги повикал двата синови и им рекол да си одберат по еден коњ и да отидат до најдалечната оаза во пустината и од таму да започнат трка.
Тој, чијшто коњ ќе стигне втор (не прв), нему ќе му припадне кралството во наследство.
Кралот на синовите им дал 7 дена на располагање, во спротивно после изминатиот рок, кралството би се распаднало и би им припаднало на нивните околни противници.
Двата сина, талкале по пустината и ја саботирале трката. Губеле драгоцени денови и ги влечкале нозете и одолговлекувале, чекајќи на другиот да тргне и да ја победи трката, и со тоа да го изгуби владеењето со кралството.
Жителите, граѓаните на султанатот чекале трката да започне и да заврши, и да победи било кој од нив, пошто се плашеле дека секој момент ќе бидат нападнати од околните кралства и нивната татковина ќе изчезне.
Конечно, обајцата спори, најспори јавачи сретнале еден мудрец.
После само неколку минутен разговор со мудрецот, трката вистински започнала, и коњите се разјавале кревајќи густа прашина позади нивниот жесток галоп, и конечно трката финиширала.
Еден од синовите победил, и сите заедно куртулиле.
Имено, мудрецот ги посоветувал да си ги заменат коњите, и да се обидат да го претрчаат коњот на противникот прв преку целната линија, за нивниот коњ да биде втор и со тоа победник.
Министерство иностранных дел Российской Федерации
Во нашиот случај, мудрецот од анегдотата е Министерството за Надворешни Работи на Руската Федерација и нејзината изјава.
Ако ДУИ предолго аргументира и анализира, и не знае кој коњ да го дојава како победник, тогаш нека го послуша ‘советот’ на Министерството за Надворешни Работи на Руската Федерација, се разбира заменувајќи ги коњите т.е тезите.
Ако во ДУИ не можат да одлучат кој ‘коњ’ треба да победи, нека одлучатат кој ‘коњ’ треба да изгуби за Македонија да влезе во НАТО и ЕУ?!?
Крстосницата е со расипани семафори, а замислете, сеуште има пет правци ?!?
Се сеќавате ли што потпиша Македонската влада на 23 Јули 2013 ?!?
Тој ден, семафорите кои и така лошо работеа, целосно се расипаа.
А илачот?
Треба да се изгради кружен тек.
Не реков Јужен тек.
Не реков ни Јужен ни Турски тек…реков Кружен тек, со еден и единствен правец, ЗАПАД.
Секој закаснат ден, носи нови пораки на твитер.
Погледнете кон ЗАПАД ве молам, од таму се раѓа ‘гордото сонце на слободата’!
Агрон Биба