ФОТО: „La Corde Sensibil“ на Рене Магрит изложена на аукција

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Едно од најголемите дела на белгискиот надреалист, уметникот Рене Магрит (1898-1967), “La Corde Sensibil” (Чувствителен акорд) на 28 февруари ќе биде понудено на продажба од страна на аукциската куќа “Кристи”.

magrit

“Ова е највпечатливата слика на Магрит понудени на аукција, уште од ‘Владеењето на светлината’ ((The dominion of Lights) од 2002 година”, вели Оливие Ками, заменик-директорот на “Кристи”.

5451258

Оваа слика беше продадена за речиси 12,7 милиони долари што тогаш бил рекорд за овој уметник.
Потоа, во 2014 година ривалската аукциска куќа “Сотби” ја продаде сликата на Магрит “Прекрасен свет” (Le Beau Monde) за 7,9 милиони фунти, што тогаш изнесуваше 12,9 милиони долари.