Вуковар домаќин на ЕП во мал фудбал за свештеници

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Хрватска оваа година ќе биде домаќин на 11. европско првенство во мал фудбал за свештеници, кое ќе се одржи од 20 до 23 февруари во Вуковар.

Свештеници од неколку европски земји се собираат еднаш годишно на натпревар во фудбал во сала, а на Хрватска ова ќе и биде втор пат да биде домаќин по 2006 година.

Во Вуковар ќе се натпреваруваат 15 репрезентации: Португалија, Италија, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Украина, Белорусија, Казахстан и домаќинот Хрватска/MIA