Германскиот канцелар Ангела Меркел во вчера имала  средба со премиерите на 16-те германски покраини, пренесува Deutsche Welle. Тие се договориле за план кој ќе го забрза процесот за депортирање на имигрантите, на кои им е одбиен азил.

“Ние се согласивме дека центар за репатријација, каде што сите одговорни власти ќе бидат претставени, кој веќе до одреден степен постојат, треба да биде формиран во Подстам”, објасни премиерот на провинцијата Хесе.

Планот ќе направи полесно депортацијата на мигрантите кои се сметаат за закана и ќе помага за “доброволното враќање”, при што бегалците ќе добиваат пари, ако одлучат да ја напуштат Германија, пред да излезе конечната одлука за нивно аплицирање за азил.

“Сепак знаеме дека,  никој нема доброволно да се врати во својата родна земја, ако нема исто така систем за принудно депортирање “, објасни Меркел.