Потврдено: Роузи Ханингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам очекуваат бебе

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам ќе стануваат родители за првпат. Веста ја сподели идната мајка во Instagram претходно оваа недела, со свое селфи по костим за капење, на кое се гледа доста заоблен стомак.

“Многу сум среќна да споделам дека со Џејсон очекуваме бебе. Со многу љубов Роуз “, напиша 29-годишниот супермодел над кадарот.

Шпекулации за бременоста на убавицата се појавија уште во почетокот на годината, но гласиините брзо одминаа и остана непотврдена веста досега. Актерот и моделот се верија на крајот на минатата година по 6-годишна врска. Роузи неколкупати изјавила дека сака да создаде семејство со Џејсон, но се двоумеа во кој град да се случи тоа. Во моментов и двајцата живеат во Лос Анџелес.

“Семејството е нешто што го сакам, без разлика дали сум во Америка или Англија. Но, не е секогаш лесно. Немам поим што ќе се случи, но ќе дознаете нели? И претпоставувам ништо нема да биде идеално.

Најголем недостаток е кога семејството ти е далеку. Посакувам да можам да ги поканам на вечера или само да се јавам на брат ми и сестра ми и да им кажам: “Зошто не дојдете на чаша вино вечерва?”. Но, тоа нема да се случи и тоа ми тежи “, призна пред некое време Вајтли.