Турската полиција привела најмалку 12 лица и испукала солзавец кон неколку стотини демонстранти пред Универзитетот во Анкара, за време на протестот одржан поради отпуштањето на голем број професори, соопштија полициски извори и очевидци.
Околу илјада лица се обидоа да се соберат на универзитетскиот кампус и на околните улици, но полицијата го блокирала влезот во комплексот и испукала солзавец и гумени куршуми.
Помали групи демонстранти извикувале пароли против владејачката Партија на правдата и на развојот.
Academy under boots of tyrants in #Ankara #Turkey pic.twitter.com/L1Ju1vmuzr
— Mala Alasor #Na (@EndezyareKurd) February 10, 2017
Вкупно отпуштени или суспендирани се повеќе од 125.000 лица, а уапсени се 40.000 лица.
University academics protesting firing of academics with the emergency decree brutally attacked by the police in front of Ankara University. pic.twitter.com/rIZTyUUqPO
— Turkey Untold (@TurkeyUntold) February 10, 2017