Како Стејт департментот исчезна под власта на Трамп -невидливиот државен секретар се затвори во својот кабинет?

од desk2
131 прегледи

Невидлив државен секретар, го нема традиционалниот брифинг, бунт на дипломати … Американскиот Стејт департмент како да исчезна овие две недели во кои Доналд Трамп ги монополизира надворешно-политичките теми.

Огромното и престижно Министерство за надворешни работи, основано во 1789 година, од 1 февруари го раководи нов државен секретар, наследник на Џон Кери, кој имаше силно присуство во медиумите. Но поранешниот претседател и извршен директор на компанијата Exxon Mobil Рекс Тиларсон кој е потполно нов човек во политиката, се затвори една недела во својот кабинет на седмиот кат на огромната зграда, наречена Фоги Ботам.

Покрај еден прв консензуален говор на кој се произнесе минатиот четврток пред 2000 свои нови вработени, поранешниот голем нафтен шеф не направи друга јавна изјава.

Иако 64-годишниот инженер од Тексас ги пофали за “одговорноста” и “чесноста” своите 70.000 дипломати, чиновници и вработени на граѓански договор, дисперзирани во над 250 амбасади и конзулати, тој не кажа ништо за дипломатските приоритети на првата сила во светот.

Во ретките интервјуа и телефонски разговори со неговите колеги во странство се објавуваат само лаконски пораки. Во официјалнатат неделна агенда на Тиларсоън се зборува само за “седници во Стејт департментот”, без да се навлегува во повеќе детали.

Секна и вообичаениота бескраен проток на информации за печатот, кои досега беа дистрибуирани и за најмалите потреси во меѓународната реалноста.

Акредитиранте во Белата куќа новинари од 19 јануари се лишени од брифингот на портпаролот на Стејт департментот – секојдневната изјава пренесувана директно на телевизија и активната врска во социјалните мрежи. Со децении Брифингот даваше можност американската дипломатија да изразува мислење за кризите и конфликтите на планетата.

Портпаролот на Џон Кери – Џон Кирби, ја напушти работата заедно со министерот, но неговиот заменик Марк Тонар, долгогодишен дипломат, работел со години за администрацијата на Барак Обама, остана на функцијата.

Тој не знае кога ќе биде обновен секојдневниот брифинг

“Продолжуваме да работиме со Белата куќа, за да видиме како е можно побрзо да ги вратиме секојдневните прес-конференции”, потврди тој за “Франс прес”.

Всушност традиционално надворешната политика на САД се определува од Белата куќа и Советот за национална безбедност. Претседателството на Трамп не отстапува од ова правило.

Четириесет и петтиот претседател на САД, избран со националистичка, протекционистичка и изолационистичка програма веќе две недели ги искористи сите средства за оваа намена, но

контурите на дипломатската активност остануваат нејасни.

Тој разговараше по телефон со својот руски колега Владимир Путин и постојано споменува кохезија со него. Трамп сепак ги подгрева и жариштата на меѓународната сцена, поставувајќи го Рекс Тиларсън во непријатна ситуација.

Претседателот зачна со критичните изјави против земји кои се противници или непријатели на Вашингтон – Кина, Северна Кореја или Иран – но исто така и против сојузници или партнери – Австралија, Мексико или Германија.

Претседателот, исто така, предизвика невиден бунт во Стејт департментот со указот против имиграцијата со кој забрани влегување во САД на луѓе од седум муслимански земји и на бегалци. Наредбата сепак беше привремено укината од федералниот суд.

Во бирократското “востание” според изразот на еден службеник околу илјада ја оспорија одлуката на претседателот и дипломати од Стејт департментот потпишаа внатрешен “дисидентски” меморандум во кој го критикуваа миграцискиот указ. Овој дипломатски бунт не ја попречува работата на министерството, но вработените признаваат дека овие работи се задоцнети.

Поранешниот портпарол на американската дипломатија Џефри Ратко потсетува дека во преодните периоди во 2001 година (при преминот од претседателството на Бил Клинтон кон на Џорџ Буш помладиот) и во 2009 година (при преминување од претседателството на Буш помладиот кон Обама) “Стејт департментот ги обновуваше редовните сбрифинзи неколку дена по инаугурацијата на новиот претседател” на 20 јануари.

За “Франс прес” Ратко, кој е аналитичар во Центарот за стратегиски и меѓународни студии, нагласува дека редовниот секојдневен брифинг на портпаролот на Белата куќа, во кој преовладува надворешно политичката тематика, не може да го замени брифингот на министерството за надворешни работи.

“Секој ден насекаде во светот многу прашања, повеќе или помалку важни, влијаат на интересите на САД. Како ако не ги разгледуваме јавно, тоа ќе ни лиши од влијание”, вели поранешниот дипломат.