Без разлика дали сме дома и се грижиме за децата и домот или се наоѓаме во канцеларијата каде се стремиме да го дадеме најдоброто од себе, стресот во секојдневниот живот е неизбежен. Бидејќи присуството нанесува штета како на психичкото така и на физичкото здравје, од корист е да научиме како да го контролираме. Следниве совети може да помогнат за целта …
Да го прегрнеме саканиот
Ова дефинитивно е меѓу најпријатните методи за справување со тензиите. Кога ќе прегрнеме некој наш близок за околу 8 минути или повеќе, се намалува синтезата на хормонот на стресот – кортизол. Така тензиите се ублажуваат, се подобрува и емоционалната врска со оној кого го прегрнуваме.
Стол-лулка
На овој начин, исто така може да се протера стресот и тоа е потврдено од истражувачите. Тие појаснуваат дека умерената активност, каква што е нишањето на стол, води до ослободување на ендорфини, го подобрува расположението и дури ја намалува болката, заедно со депресијата и анксиозноста.
Џвакање на мастика
Ако се чувствуваме нервозни или загрижени на работното место пред важен состанок пример, мастиката за џвакање помага за ограничување на стресот и анксиозноста. Истовремено ја подобрува будноста, особено ако треба да правиме неколку работи истовремено.
Масажата
Во случај дека службените должности вклучуваат континуирана работа на компјутер, добро е навечер да затвориме очи и да подремнеме за кратко. Можеме да пробаме и со масажа на рацете, за да ги ослободиме стресот и напнатоста од нив.
Прошетка во канцеларијата
Штом се почувствуваме поразено и стресно на работното место, наместо да останеме зад биро, подобро да станеме и да се прошетаме за десет минути. Чистиот воздух помага да се смириме.