Војводите Кејт и Вилијам импресионираа на црвениот тепих на „БАФТА“

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Британското кралско семејство се помеша со Холивудското кралство во вчерашната неделна вечер, кога Војводата и Војводката од Кембриџ се појавија на доделувањето на наградите „БАФТА“ 2017 во Лондонската „Royal Albert Hall“.

Кејт блескаше со светска елеганција на нејзиното деби на филмските награди. Таа носеше долг цветен фустан на Александер Меквин со собрана коса која ги истакнуваше нејзините дијамантски обетки.

Вилијам кој е претседател на БАФТА од 2010, беше дотеран во црн смокинг, по првата појава на наградите по две години.

Kate Middleton