Барем 2 автомобили беа запалени во париското предградие Нантер синоќа во  протести против полициското насилство. Група луѓе влезгле во судири со полицијата околу полноќ, но органите на редот успеаја да ги растурат. Уништена и  е една автобуска станица

С е спомнува дека вчера демонстранти нападнале и  полициска станица во јужни предградија на француската престолнина.

Во текот на викендот полицијата уапсила десетици демонстранти по судирите меѓу младите и силите на редот во североисточните предградија Bobigny и Aulnay-sous-Bois, како и во северозападното предградие Argenteuil.

До протестите дојде откако 22-годишен црнец  обвини четворица полицајци дека го силувале по апсењето. Против еден од полицајците има истрага за силување, а против тројца други за прекумерна употреба на сила.