(ФОТО) Гага со најпопуларното селфи меѓу ѕвездите на „Греми“

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Лејди Гага може и да не си замина со статуетка “Греми” на овогодинешните награди, но остави траен впечаток на настанот со својот екстравагантен садо-мазо стил, кој многумина го споредија со оној на Мадона.

Блондинката стана ѕвездата со најпопуларно селфи на церемонијата одржана на 12 февруари во Лос Анџелес.

Црно-белото селфи на Гага, во кое позира со несовесна црна кожена тоалета од куси панталонки и ракави со огромно деколте доби над 760 000 допаѓања уште за време на самите награди.

Втората позиција во импровизиранотоИнстаграм селфи рангирање беше на Џенифер Лопез за кадар, во кој таа седи на стол, а раскошниот нејзин розова фустан се шири до неа.

Третиот запечатен и најмногу сакан момент е само принтскрин на текст. Станува збор за честитки на Дрејк кон неговиот колега и пријател Chance The Rapper кој грабна статуетка во категоријата “нов уметник”. Во моментот на изготвување на ранг листата, сликата има добиено околу 480 000 лајкови.

Во меѓувреме доста редовното селфи на The Weeknd за време на неговиот настап со Daft Punk го закова 4-тото место, а 5-тата позиција беше за поднапиеното селфи на Криси Тејган со нејзиниот сопруг Џон Леџенд и Дрејк.