(ВИДЕО) Полубратот на севернокорејскиот лидер пред да падне во несвест рекол: Врз лицето ми е истурно киселина

од desk2
98 прегледи

Познати се последните зборови на убиениот полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Секунди, пред да изгуби свест, Ким Чон Нам рекол дека врз неговото лицето било истурена некаква киселина. Потоа се е струполил на земјата, а по телото се појавиле конвулзии.

Иинцидентот се случил на аеродромот Куала Лумпур во Малезија. Според јужнокорејските медиуми, Ким Чон Нам може да е убиен по наредба на северно корејските власти, соопшти ren.tv.

Во моментот полицијата нема официјална верзија за неговата смрт. Телото на полубратот на Ким Јонг Ун е испратено за обдукција, која треба да ја наведе причината за неговата ненадејна смрт.

Порано од Кралската полиција на Малезија соопштија дека Ким Чон Нам патувал под туѓо име – Ким Чхол.

Името се совпаѓа со тоа на севернокоресиот генерал, за чија егзекуција медиумите објавија во 2012 година. Како причина за смртната пресуда се наведува дека генералот не се придржувал до жалост за починатиот во 2011 година лидер на Северна Кореја Ким Џонг-ил. Ким Чхол е врзан за столб и напаѓан со минофрлачи.