Груевски преку Ѕинго ќе прави контра-платформа, а Амбди Бајрам и Стоиљковиќ веќе се на штрек !

од Vladimir Zorba
116 прегледи

 Во одбрамбената стратегија  и бедемот ќе влезат и прекалените борци Амбди Бајрам и Иван Стоиљковиќ  Амбди Бајрам трга со своите Роми од Шутка, како голем стратег  и поддржувач, како и Иван Стоиљковиќ во знак на поддршка  и мобилизација на срспкото малицинство и пеглање на односите со Белград.

 dzingo

Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичката партија на Љубисав Иванов – Ѕинго,  излезе со повик до македонските партии да формираат македонска Платформа за како што наведуваат опстанок и развој на Македонија.

„Како кулминација на сите настани во изминатиот период се појави крајно опасната платформа на албанските политички партии во Република Македонија, креирана во соседна Албанија, со активно учество на албанската држава и раководство. Оваа платформа е без чувство за одговорност за мирот и стабилноста на Балканот, инспирирана од други надворешни сили кои до сега и сеуште учествуваат во дестабилизација на Република Македонија и во нејзиното уништување“, велат од Социјалистичката партија.

 Од таму не откриваат што точно ќе содржи платформата, туку само велат дека мора да бидат опфатени сите прашања кои се однесуваат на внатрешното уредување, безбедносниот карактер, функционирањето на институциите, јазикот, името, културата, историјата, економијата и надворешната политика.

За оваа идеја, веќе се огласи и ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението од средбата на Груевски со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

„Мнозинската заедница, поточно македонската, да направи своја нова платформа и да ја постави како услов за сега и за во иднина, што ќе биде причина за нови проблеми и прегрупирања, така што не прифативме разговор базиран на една национална платформа и сметаме дека тој што ги убедил ДУИ да тргнат по еден ваков пат им направил „мечкина услуга“, пишуваше во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод средбата на Груевски со Тимоние.

Прв на оваа голема стратегија на Ѕинго ќе се приклучи Амбди Бајрам, кој трга  со своите роми од Шутка , како голем стратег  и поддржувач,како и Иван Стоиљковиќ во знак на поддршка  и мобилизација на срспкото малцинство  и пеглање на односите со Белград. Овие прекалени борци на чело со Ѕинго, ќе ја спасуваат Маќедонија, и секако ќе подметнат грб за Никола Груевски,коалицијата и иднината за државата.