Експлозија, предизвикана од неисправна гасна инсталација, уништи станбена зграда во југоисточниот англиски универзитетски град и предизвика пожар.
Претставник на локалната полиција вели пред медиумите дека најмалку три лица биле  примени во болници.

“Нема опасност за животот на повредените”, прецизира тој. Пожарникарите ја ставија под контрола огнената стихија и животот во Оксфорд почна да се нормализира.