А седи ли Словенија „на две столици” во односот кон Русија, прашуваат аналитичарите

од Vladimir Zorba
129 прегледи

 

 

Словенечката влада кон крајот на минатата недела донесе конечна одлука за праќањето на 50 војници во Латвија, што според некои оценки во Љубљана е знак на надворешнополитичка дисхармонија меѓу премиерот Миро Церар и претседателот Борут Пахор, кој таа вест го затекна ден пред неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. 

Словенечката влада одлуката ја образложи како гест со кој изразува солидарност и кредибилитет во рамките на НАТО сојузот и веќе договорените мисии за засилување на присутноста на сојузништвото во балтичката земја, која Русија ја доживува како закана за своите западни граници.

Но, одлуката за праќање на припадници на словенечката војска, кои ќе делуваат во рамки на батаљони под канадска команда и во Љубљана во некои кругови доживеа различни оценки па и критики поради „возење на два колосеци” во односите кон Русија и Западот.

Вистина е дека со одлуката за праќање на словенечките војници во Латвија се исполнува обврската кон сојузниците во НАТО сојузот, но „тајмингот” беше „мангупски” одбран, што во Москва сигурно не помина незабележано, пишува за „Дневник” Даријан Кошир.

„Руската дипломатија е премногу искусна и итра за непријатноста поради потегот на владата на Церар да ја покаже при посетата на Пахор на Русија, но сигурно е дека словенечкиот премиер од Москва, кога за тоа ќе дојде време, ќе добие многу болна порака” – наведе во коментарот Кошир, кој како дополнителна причина за непријатноста ја гледа во фактот дека Пахор во Москва го придружуваат двајца министри кои се и потпретседатели на Владата, министерот за надворешни работи Карл Ерјавец и министерот за земјоделство Дејан Жидан.

На диппоматски двосмислените пораки на Словенија, во коментар се осврна и рускиот портал на словенечки јазик, нарекувајќи го тоа за обид за „седење на две столици”, кој на Русија нема да и се допаѓа.

„Словенечките политичари сакаат да ја повторуваат мантрата за словенечката надворешна политика на два колосека. Тоа го наведуваат кога го оправдуваат праќањето на војниците во Латвија, кои Словенија наводно треба да ја заштитат пред руско загрозување, но и кога претседателот Борут Пахор оди во Русија на чело на силна политичка и стопанска делегација” – пишува на порталот на главната уредничка Полона Фрелих.

За таков пристап обично се вели „седи на две столици”, а тоа го поттикна претседателот Пахор посетата на Москва да ја поврзе со посетата на Берлин и Киев, при што стратезите на таквото планирање сметаат дека тоа е итро. „Да се води прагматична политика само по себе не е нешто лошо, но понекогаш е неморално да се седи на две столици” – поентира порталот Russia Behind the Headlines (rbth).

Во врска со посетата на Пахор на Украина, во обид на неформален мировен посредник меѓу Русија и Украина, рускиот портал на словенечки јазик тврди дека конфликтите во своите источни региони во 2014 година, ги почнала токму Украина со својата наводна антитерористичка акција, а сега во борбите загинаа десетици илјади луѓе и дека Пахор за украинскиот претседател треба да каже дека е „вистински агресор на Украина”, а на Русија или проруските сепаратисти.

Фена – Сараево