Германски, американски, швајцарски и мексикански научници определија најверојатната причина за уништување на цивилизацијата на Ацтеките, соопшти Лента.ру.

Како причина е наведена епидемија на салмонелоза, која во 16-тиот век харала меѓу домородните народи на Мексико. Научниците претпоставуваат дека бактеријата Salmonella enterica била донесена од шпанските освојувачи.
Била направена реконструкција на бактеријата откриена во стомакот на еден од закопаните на територијата на денешно Мексико.
Научниците се на мислење дека погребаниот умрел за време на епидемијата од салмонелолаа во 40-те години на 16-тиот век, кога починало 80 проценти од населението на Ацтеките.
Научниците освен тоа користеле разултатт на ДНК земена од забите на 29 древни претставници на Ацтеките, кои живееле во шумската област. Врската со Salmonella enterica била откриена кај 24-има од нив. Се претпоставува дека овие луѓе умреле во периодот 1545-1550 година
Освојувачот Хернандо Кортез стапнал на денешната територија на Мексико во 1519 година. Во тоа време цивилизацијата на Ацтеките броела околу 25 милиони луѓе. Еден век подоцна нивниот број се намалил до 1 милион.
За време на двете најголеми епидемии од салмонела, во 1545 година и 1576 година, умреле меѓу 7 милиони и 18 милиони луѓе, од кои повеќето живееле во планинските области на денешната територија на Мексико.
Резултатите од истражувањето се поставени на сајтот bioRxiv,