(ГАЛЕРИЈА) Никол Кидман за влакно ќе станела г-ѓа Лени Кравиц

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Никол Кидман го изненади светот со своето признание во новото интервју за списанието The Edit дека некогаш била свршена за Лени Кравиц.

Холивудската ѕвезда излегуваше со пејачот околу една година во 2000-та, по разводот со Том Круз, но никогаш не споделила дека двајцата имале намери за брак. Откако се раздели со Лени, Никол го сретна Кит Урбан, за кого брзо-брзо се омажи и од кого веќе има две биолошки ќерки – Сандеј и Фејт.

49-годишната Кидман вели дека работела лесно по филмот “Големите мали лаги” со ќерката на Кравиц – Зое, токму поради тоа што ја познавала добро.

“Па, јас ја познавам Зое, бидејќи бев свршена за нејзиниот татко. Го сакам Лени и до денес. Тој е голем човек.”

По актуелната тема за феминизмот Никол вели: “Мајка ми била дел од лобито на жените во Австралија за право на гласање. Се сеќавам дека како дете седев и ја слушав да зборува за тоа дека жените се посилни кога ќе се обединат и дека треба да има еднаквост меѓу половите, но тогаш не ја разбирав. ”

Видете ги сликите на Никол во галеријата.