Веќе неколку месеци сè почесто гледаме еден конкретен пристап кон акцент на усните на многу храбар начин – брокат.
Трендот се зацврсти и стана водечки, а многу од ѕвездите побрзаа да го испробаат и да се стекнат со привлечни и многу секси усни.
Како сепак се прават усните со брокат?
Може да изгледа многу комплицирано, но всушност одредена техника на поставување ги прави работите значително полесни.
Бидејќи брокатните честички се лесни за растерување, треба да внимавате.
Можете да изберете помеѓу две варијанти – основа како мек балсам за усни, во кој брокатот ќе ја има главната улога или сјај, со кој ќе додадете уште повеќе сјај.
Едноставно нанесете го саканиот производ и потоа со тенка четка распрскајте ги брокатните честички.
Допрете ги усните една до друга за рамномерно распоредување и цврсто стиснете. Исчистете ги со сува крпа честичките, кои се надвор од контурите на усните.
