Од партиите нема официјални информации за содржината на предлозите за употребата на јазикот, но аналитичарите проценуваат дека е можно усогласување на двете страни, информира РСЕ.
Веќе една недела СДСМ и ДУИ си разменуваат предлози за употребата на јазикот, а во јавноста официјално не кажуваат детали или ,пак, што е спорно. Упатените велат дека позициите не се толку далечни, па дека е можен договор.
Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби за Радио Слободна Европа потврди дека нивниот предлог-закон за јазици е „апсолутно во согласност со Уставот“ и, како што додаде, за него нема компромиси.
Со ова практично се елиминира едно од почетните несогласувања. Имено ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците во заедничката платформа бараа промена на Уставот во кој ќе се утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Македонија“. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пак, инсистираше дека за нив е прифатливо сè што е во рамките на Уставот.
Професор Осман Кадриу, кој, како што вели, бил консултиран од партиите за законот за јазици, вели дека СДСМ и ДУИ сега се во фаза на усогласување на предлозите стигнати од двете страни. Непотребно би било да се ставаат барањата за промена на Уставот, бидејќи за такво нешто нема мнозинство, а дел прашања може да се решат со закон, додава Кадриу.
„Јас сметам дека работите изгледаат како да се усогласени стојалиштата меѓу двата блока. Очекувам дека овие денови можеби ќе има и официјална одлука за давањето потписи со кои СДСМ ќе ги собере потребните 61 и ќе го добие мандатот за состав на влада“, вели Кадриу.
Целиот текст можете да го прочитате тука